|
08.05.2012 |
|

На 21 и 22 мај, фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен организираат меѓународна конференција на тема Слобода и приватност на интернет. Настанот е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан, а ќе се одржи во салата City Hall во Скопје.
|
|
Повеќе...
|
|
|
12.04.2012 |
На 28-ми март, во хотел Порта, здружението „Отворете ги прозорците“ одржа конференција „За е-пристапни основни училишта: Асистивна технологија во основното образование во Македонија”. Стотината учесници беа едногласни дека примената на асистивната технологија ги подобрува образовните можности за учениците со хендикеп.Конференцијата ја отворија директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Роберт Вурц и Наташа Јаневска, државен советник од Министерството за образование и наука. Присуството на високите гости беше искористено, јавно да се доделат наградите за најуспешните творби на конкурсот „Компјутерот – мојот прозорец кон светот“.
|
|
Повеќе...
|
|
10.04.2012 |
Во 2009 година Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) започна проект за поддршка на законодавни иницијативи на граѓанските организации во Република Македонија. Во годините кои следеа програмата беше проширена и НДИ моментално работи со единаесет организации.
|
|
Повеќе...
|
|
06.04.2012 |
Новоотворениот PortAlb.mk го води тим професионални новинари кои се стремат да го надминат недостатокот на релевантни е-содржини на албански јазик за Македонија и странство.
|
|
Повеќе...
|
|
28.03.2012 |
На 26 март, 2012 г. започна големата eвропска кампања Get Online Week, која има за цел да ги промовира придобивките од дигиталната инклузија и да привлече нови корисници на компјутери и интернет. Кампањата се спроведува со поддршка на Европската комисија во преку 30 земји од Европа и Евроазија, помеѓу кои, по втор пат, и во Македонија.
„Отворете ги прозорците“ е организатор на македонскиот дел од кампањата. Во наредните пет дена, здружението, во соработка со повеќе граѓански организации, јавни установи и медиуми, ќе ја пренесе пораката дека компјутерот и интернетот се алатки што можат да користат секому, без исклучок.
За да ја дадете вашата лична поддршка за дигиталната инклузија, пополнете го дигиталниот бројач на поддржувачи на Get Online Week. Уште подобро, мотивирајте член од вашето семејство, пријател или познаник кој досега не користел компјутер да го направи истото и да се увери во можностите што ги нуди современата технологија.
За потсетување, вашата поддршка при минатогодишната кампања ја рангираше Македонија на 14-то место помеѓу тогашните 30 држави кои учествуваа во Get Online Week.
Да придонесеме сите заедно за успешна кампања во Македонија!
Повеќе информации можете да најдете на: http://www.getonlineweek.eu
Извор: Отворете ги прозорците „Започна Get Online Week 2012“ 26 март, 2012.
|
|
22.03.2012 |
Во рамки на Денот за отворена власт на 21.03.2012 г. во Скопје, министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски го промовираше нацртот на Акцискиот план за развој на отворена власт во РМ, како дел од глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, повикувајќи ги сите чинители од владиниот, деловниот, граѓанскиот и научно-образовниот сектор да се вклучат во неговото комплетирање.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |