Мени

Оглас: Се бараат двајца Мајкрософт-сертифицирани обучувачи

Фондацијата Метаморфозис има потреба од двајца обучувачи од областа систем администрација за работа на краткорочен проект.

Обучувачите е неопходно да поседуваат титула „Microsoft Certified Trainer“ од соодветната област.

Ангажманот е на хонорарна база, а ќе се одвива во текот на февруари и март 2006 година. Ќе опфаќа обука за администрирање на оперативниот систем „Microsoft Server 2003“, на група составена од максимум 15 учесници.

Заинтересираните кандидати може да се пријават преку е-пошта на info@metamorphosis.org.mk или по телефон на 02/ 31 09 325.

Поврзани натписи