Мени

Гоце Арсовски

Психолог и истражувач, проектен асистент во Фондацијата Метаморфозис.

Вклучен во истражувачките активности на Фондацијата, тој го применува своето истражувачко искуство од областа на маркетингот и анализата на податоци во проекти како ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа, D.A.T.A. – Аналитика на податоци за транспарентност и отчетност, и многу други.

Професионалниот интерес и вклученоста се главно насочени во областите на методологијата, статистиката, истражувачките инструменти како и можностите за користење нови технологии во истражувањето.

Студент на постдипломски студии на политики на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.