Мени

Зоран Андоновски

Новинар и уредник во повеќе дневни весници. Новинар, дописник од Атина, одговорен и главен уредник на весникот „Нова Македонија“ (1982 – 1998 и 2008 – 2012), одговорен уредник на „Време“ и уредник на „Неделно Време“ (2004 – 2008), уредник и главен и одговорен уредник на „Дневник“ (2012 – 2014)

Координатор за односи со јавност во USAID Decentralization Project in Macedonia (2001 – 2004) и координатор за односи со јавност во канцеларијата на Светска банка – Македонија (1998 – 2001).

Дипломирал на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик и литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Основач и член на бордот на Транспаренси интернешнл – Македонија (2001 – 2006) и член на бордот на Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ (2004 – 2006)