Мени
icons-391416_640

Акциска мрежа за добро владеење

Проектот има за цел да ги засили напорите на граѓанските организации во обраќањето и подобрувањето на доброто владеење преку обезбедување на алатки, вештини и знаења со цел подобрување на нивната работа, како и преку грантови за спроведување на конкретна иницијатива. Со овие алатки и обуки, локалните граѓански организации значително ќе ги подобрат хоризонталните врски со своите поддржувачи и пошироката јавност, а вертикално со владата.

Главните цели на проектот се:

  • (O1) Подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки;
  • (O2) Зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања.

Специфична цел на проектот е:

Промовирање на динамично граѓанско општество кое ефективно ги мобилизира граѓаните за активна вклученост во доброто владеење и транспарентноста, како и влијание врз процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Целните групи на проектот се: граѓаните, граѓанските организации, националните и локалните институции, медиумите и политичките партии.

Проектот се базира на 4 главни полиња на дејствување:

  • градење на стратегии преку широка консултација,
  • зголемување на капацитетите на граѓанските организации,
  • мали грантови за таргетирани кампањи (начини на финансирање на политички партии, примена на правото на слободен пристап до јавни информации, корумпираност во процесите на јавните набавки, практикување на мито, поклони/спонзорства, загриженост поврзана со изборите, злоупотреба на должност, заштита на податоци и друго,)
  • градење на широко распространета заедница.

Проектот е со траење од 18 месеци.