Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

31.08.2014

Проекти

BEWMAN (Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад) е партнерска акција поддржана од Службата за граѓанско општество на Генералниот директорат за проширување на ЕУ преку програмата за грантови IPA 128287.

Проектот со своите активности планира да ги постигне следниве резултати: да ги зголеми соработката и размената на добрите практики за раководење со електронскиот отпад помеѓу сите релевантните страни, да ја подобри јавната свест за правилното раководење со електронскиот отпад, да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за лобирање и застапување на правилно раководење со електронскиот отпад, темите поврзани со електронскиот отпад да се почесто застапени во медиумите и бројот на уреди кои се сé уште функционални, а завршиле во отпад да се намали.

Акцијата е насочена кон решавање на следниве проблеми

  • Нискиот капацитет на невладините организации за управување со е-отпад.
  • Граѓаните и носителите на одлуки имаат ниска свест за последиците од несоодветното отстранување на е-отпадот.
  • Недостигот на статистички податоци во врска со е-отпадот.
  • Недостаток на мрежни структури на национално и регионално ниво насочени кон справување со проблеми во областа на е-отпадот.

Период на спроведување: декември 2009 – декември 2011