Be cool, Be healthy, Do sports

13.11.2018

Проекти

Во рамки на проектот „Be cool, Be healthy, Do sports”, преку програмата ERASMUS+, а во организација на Националната агенција за млади од Малта, заедно со партнерските организации од Македонија -„Метаморфозис – Фондација за интернет и општество“ и „Ballyfermot Youth service“ од Република Ирска, 8 млади луѓе од Македонија на возраст од 13-18 години ќе земат учество на обука која ќе се реализира во периодот од 24 ноември до 01 декември 2018 година, во Малта.

Главната тема на проектот е да се разберат и анализираат влијанијата на спортот во животот на младите луѓе и директното влијание на спортот врз нивното здравје. Обуката има за цел: подобрување на личниот развој на младите, личните вештини и комуникациски способности и фокус на вештини потребни за организирање спортски активности. Официјалниот јазик на младинската размена ќе биде англиски, така што учесниците ќе ги подобрат и прошират своите вештини за говорење и слушање на странски јазик, ќе учествуваат на работилници за: продукција на видео, постер, паметно користење на социјалните медиуми и дигитална писменост. Учесниците доаѓаат од различни делови на Европа. Ова ќе помогне да се зајакне и европскиот идентитет на младите луѓе. На крај, младите ќе стекнат разбирање за тоа како учењето може да се одвива во неформален амбиент и преку различни искуства, а не само преку формално образование.

Учесниците ќе добијат Youth certificate – Youth PASS на крајот од обуката што ќе им послужи во текот на нивното образование.

Координатор на проектот од Метаморфозис: м-р Лилјана Пецова –Илиеска