Мени
8302581049_b452b38697_z

Граѓанското општество и новите технологии во регионот JИЕ – зајакнување на контекстуалната употреба на новите технологии во работата на граѓанскиот сектор

Проектот овозможува создавање канали за комуникација и можности за соработка со други граѓански организации и други институции, што создава плодна основа за заедничка работа на идни проекти насочени кон остварување на заеднички цели на регионално ниво.

Општа цел: Поврзување на иницијативите на граѓанските организации на регионално ниво со употребата на новите технологии и создавање база за размена на информации и соработки.

Специфична цел: Подигање на капацитетот на граѓанските организации за примена на новите технологии во насока на остварување на нивните цели во областа на информирањето, едукацијата и обучувањето.

Очекувани резултати:

  • Зајакната јавна свест за важноста од примената на концептите отворени образовни ресурси, отворен пристап, слободен софтвер и слободни лиценци со цел да се придонесе кон подобрување на правните и институционални рамки
  • Зголемени капацитети за креирање локални образовни ресурси слободно достапни преку интернет
  • Воспоставени методи на комуникација и соработка помеѓу граѓанските организации на регионално нивно и подобрување на нивните капацитети за користење на нови технологии во процесот на спроведување на нивните цели насочени кон информирање и едукација.
  • Зголемена употреба на ИКТ во процесот на формалното и неформалното образование

Линкови