Зголемување на употребата на владините веб-локации како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество

18.09.2014

Проекти

Истражувачкиот проект го испитуваше тековното ниво на употреба на владините веб-локации на општинско и државно ниво (веб-локации .gov.mk) во областа на транспарентноста, отчетноста и е-учеството во донесувањето одлуки и обезбеди препораки за тоа како да се надминат пречките што спречуваат реализација на целосниот потенцијал на нови технологии во овие области.

Степенот на употребата на нови технологии за комуникација од страна на владините тела не беше целосно испитан и беше потребно натамошно истражување. Проектот ја испита тековната практика на недоволно користење на веб-локациите .gov.mk за транспарентност, отчетност и јавни консултации, и воспостави основни податоци за користење при сите напори поврзани со развојот на е-власт и поттикнување активно граѓанско учество во процесот на донесување одлуки.

Клучните прашања на истражувањето беа:

  1. До кој степен македонските владини тела ги користат новите технологии со цел на граѓаните да им обезбедат релевантни информации и можности за учество во процесите на донесување одлуки?
  2. Што треба да се направи за да се подобри ситуацијата?

Испитаните аспекти ги опфатија следниве прашања:

  • Основна комуникација: Каков вид информации се објавуваат на веб-локациите и на кој начин? Што недостасува, во споредба со стандардите на софистицираност користени на ниво на ЕУ?
  • Пристапност: кои јазици се користат? Дали веб-локациите се пристапни за луѓето со хендикеп?
  • Транспарентност: дали институциите се придржуваат до Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?
  • Одговорност: какви механизми користат институциите во областа на фискалната политика
  • е-Учество: Дали се користат механизмите за јавни консултации на централно и локално ниво и за кои цели?

Истражувањето овозможи споредби со стандардите во овие области пропишани со националните закони, како и со најдобрите практики од регионот и ЕУ. Утврдените основни податоци ќе бидат користени за застапување со цел да се поттикнат владините институции да да го подобрат своето присуство на интернет и да се генерира побарувачка од пошироката јавност за правилно спроведување на механизмот за консултации со јавноста.