Мени
vrzani-race-thumb

Истражувачка сторија: Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат – Мерка притвор?

Целта на проектот е да се придонесе кон зголемување на медиумска писменост, преку јавна едукација на граѓаните за тоа што е истражувачко новинарство со анализа на конретни примери во видео формат. Преку проектот ќе се генерираат содржини кои ќе ги опфатат предизвиците со кои се соочуваат истражувачките новинари, презентирајќи какво е ИН во моментот, зошто е такво и како може да се поправи.

Примарна целна група: Граѓаните на РМ, гледачи и читатели на вклучените медиуми и општа публика до која допираме преку социјалните мрежи

Секундарна целна група: Затворените институции и нивните портпароли, на кои се делува индиректно, преку укажување на недемократските практики и поттикнување јавна дебата за нивните должности и одговорност.

Долгорочно, проектот ќе придонесе кон:
- Поголема отвореност кај изворите, особено државните институции и укажувачите.
- Промена на законски рамки кои влијаат на истражувачко новинарство.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија и од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, преку Центарот за управување со промени.