Обуки за ИКТ алатки за веб новинарство

31.08.2014

Проекти

Голем број медиуми се отвораат на интернет, но притоа квалитетот на обработените информации се намалува наспроти брзината со која тие се шират. Со подобрување на истражувачките вештини на новинарите, ќе се придонесе во зголемување на нивните капацитети за поцелосно искористување на можностите на интернетот како извор на информации и како алатка за брза проверка на фактите.

Проектот ќе придонесе кон зголемено користење на интернетот од страна на новинарите во процесот на истражување, објавување и дисеминација на информации и надградување и подобрување на капацитетите на новинарите за користење на новите алатки на интернет во процесот на нивната работа.

Од аспект на опстојување во новинарската професија, ситуацијата и трендовите наложуваат новинарите да ги надградат своите знаења и да совладаат нови техники на работа, кои подразбираат повеќе од барање информации и нивно обликување во новинарска текстуална форма. Тие треба да станат самостојни издавачи за својот интернет медиум, каде самите треба да знаат да ги постават фотографиите, видео-сликите и релевантните линкови. Во некој случај, тие и самите треба да бидат креатори на фотографии, видео-содржини и друг вид мултимедијален материјал, кој самите треба да го обработат и постават на веб.