Мени

Поттикнување на локални е-содржини

Овој проект има за цел да го поттикне креирањето на локални е-содржини во Македонија, зголемувајќи го нивото на онлајн „производство“ на содржини на локалните јазици, како и квалитетот на достапните содржини, особено кога тие се однесуваат на образованието и отворениот пристап. Проектот ќе користи двоен пристап за изградба на капацитетите на потенцијалните и тековните креатори на содржини, и ќе обезбеди дигитална инфраструктура за мотивирање на таквото креирање на содржини врз основа на промоцијата на содржини на локалните јазици и повратната информација од корисниците.

Општата цел на проектот е да се придонесе за конструктивна употреба на дигиталните технологии како алатки за критичко размислување и демократизација во Македонија, преку зголемување на квантитетот и квалитетот на е-содржините.

Очекувани резултати:

  • Да се подигне свеста за важноста на локалните е-содржини и да се придонесе за подобрена правна/институционална средина која го поттикнува креирањето на содржини
  • Да се подобри видливоста на независните и непрофитните публикации кои промовираат критичко размислување, и да се креираат нови ресурси за промоција и агрегирање на публикации со отворен пристап
  • Да се зголеми квантитетот на содржините релевантни за граѓаните на Македонија, на локалните јазици и на англиски, преку користење на нематеријални фактори за мотивација
  • Да се зголеми квалитетот на локалните содржини достапни на интернет, преку зголемена свест и ниво на ИТ вештините, со примената на најдобри практики