Приватност на интернет

18.09.2014

Проекти

Метаморфозис ќе спроведе оценување на практиките и процедурите на институциите, организациите и фирмите за ракување со личните податоци. За таа цел ќе биде развиена специјална методологија од страна на интердисциплинарна работна група. Проценката ќе послужи како основа за понатамошно развивање на проектни активности. Целта на проектот е да се зголеми заштитата на приватноста во Македонија.

Покрај тоа, ќе се спроведе кампања за подигнување на свеста, насочена кон граѓаните, од една страна, и кон институциите што располагаат со лични податоци (компании и државни органи), од друга страна.

Работната група, исто така, ќе работи на подготовка на македонскиот дел за извештајот „Приватност и човекови права“, годишниот глобален извештај кој го подготвува EPIC и Privacy International.

Очекувани резултати:

  • Зголемување на јавната свест за приватноста и заштита на личните податоци прашања
  • Зголемена примената на законите од заштита на дигитална приватност
  • Зголемена употребата и имплементација на јавни политики за приватност од компании, институции и организации