Мени
USAID_CEP_MK-01

Проект за граѓанско учество (CEP)

Датум на започнување на проектот:  17 август, 2016
Датум на завршување на проектот:  17 август, 2021

Буџет (за времетраење на проектот):  $9,495,923

Спроведуван од:   Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (ADI), Фондација отворено општество-Македонија (ФООМ), и Национален младински совет на Македонија.

ЦЕЛИ

Проектот за граѓанско учество (CEP) ќе го зајакне конструктивното учество на граѓанските организации (ГО) во однос на политики и прашања од јавен интерес, како и зголеми и одржи вклучувањето на младите во јавниот живот во Македонија. Младите и ГО кои се вклучени во проектот, преку CEP ќе се здобијат со знаење и мотивираност, и развијат вештини кои ќе овозможат истите да учествуваат на дискусии за јавни политики со владата, приватниот сектор, медиумите и другите граѓански организации. Главната цел на Проектот за граѓанско учество е да се зајакнат ГО и капацитетот на младите за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Проектот е посветен на родова еднаквост и заштита на правата на социјално исклучени групи во Македонија.

КОМПОНЕНТИ

КОМПОНЕНТА 1: Зајакнување на алијансите на граѓанските организации: преку програмата за Партнерски грантови, проектот ќе ги: 1) поддржи алијансите на ГО да станат лидери во обликување и во конструктивното ангажирање за прашања од јавен интерес; 2) подобри нивните капацитети за ангажирање граѓани, медиуми, владини институции и други чинители за унапредување на сеопштиот добробит; и 3) зајакне нивните институционални капацитети.

КОМПОНЕНТА 2: Зајакнување на организациите од граѓанското општество: Преку флексибилни и прилагодени грантови како и помош за развој на капацитетите, проектот ќе им помогне на граѓанските организации вклучувајќи и тинк-тенкови кои работат во следните приоритетни области: добро владеење, подобрување на јавните услуги, владеење на правото, антикорупција, човекови права, економски раст, погодна деловна средина, како и мониторинг и надзор на јавните институции.

КОМПОНЕНТА 3: Зајакнување на учеството на младите: Проектот ќе организира едногодишна LEAD МК програма (Linking, Engagement, Advocacy, Development) која ќе им овозможи на 80 високо-мотивирани млади лица да стекнат вештини, знаења, и можности за вмрежување кои ќе им помогнат да станат лидери во унапредување на јавниот интерес на ниво на заедница, регион или на национално ниво. Проектот ќе го поврзе секој стипендист од LEAD MK програмата со ментор и ќе обезбеди организациска поддршка за нивните проекти во рамки на програмата. Секоја година, проектот ќе доделува Награда за Младинско Учество со цел промоција на граѓанското учество и оддавање признание на успешни млади лица, граѓански организации или/и групи кои се ангажираат за промовирање на општествената добробит.

КОМПОНЕНТА 4: Зајакнување на младинскиот активизам: Преку грантови и поддршка за развој на капацитетите, проектот ќе ги поддржи регистрираните и нерегистрираните младински групи кои 1) се фокусирани на едукација на младите за нивните права и можности за учество во јавниот живот; 2) промовираат млади да работат со јавни институции на централно и локално ниво на прашања кои влијаат на младите во Македонија или на заедницата во целост; и 3) обезбедуваат можности на младите да дадат придонес на заедницата и општеството, и да се фокусираат на приоритетни политички, економски, културни или социјални прашања кои би можеле да влијаат врз нивните животи.

КЛУЧНИ ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Зајакнување на алијансите на граѓанските организацииComponent A: Strengthen:

  • До пет алијанси на ГО кои промовираат унапредување во клучните области кои се приоритетни за граѓаните;
  • Најмалку 15 алијанси на граѓански организации преземаат стратешки активности во нивните области на делување;
  • Проширување на алијансите на граѓански организации со вклучување на други граѓански организации, тинк-тенкови, медиуми, приватниот сектор, академските институции и засегнатите страни;
  • Воспоставени механизми и практики за генерирање на граѓански активизам и сеопфатна поддршка за иницијативите на алијансите на ГО; и
  • Организациска промена која води кон воспоставување на одржливост на алијансите.

Зајакнување на граѓанските организации:

  • До 17 граѓански организации  поддржани да го водат учеството на граѓаните во нивните области на делување;
  • Граѓански организации помогнати да користат алатки за управување со информации за регистрирање и комуницирање со проширен број на конституенти, како и со партнери и донатори во Македонија и во странство;
  • Околу 51 интервенција за мобилизирање на граѓаните кои придонесуваат за граѓанските организации да бараат поддршка од граѓаните за нивно учество во иницијативи за застапување.

Зајакнато учество на младите

  • Разновиден, прилагоден едногодишен развој на лидерските вештини за 80 компетитивно избрани млади;
  • Најмалку 80 мали проекти спроведени од страна на младите на ниво на локална заедница, регион или национално ниво;
  • Годишна Награда за младинско учество доделена за успешни искуства и најдобри практики за личен младински активизам и младински активизам од страна на граѓанските организации во Македонија.

Зајакнат младински активизам

  • 30 младински граѓански организации стекнати со вештини и потребна поддршка за поттикнување на младите, и обезбедени можности да станат чинители за личен и напредок на нивните заедници.

 

Преземете го информативниот текст (.pdf)

Информатор: Зајакнување на алијансите на граѓанските организации  (.pdf)

Информатор: Зајакнување на граѓанските организации  (.pdf)

Билтен - август - март  2017 (.pdf)