Иницијатива Млади и медиуми во Југоисточна Европа

18.09.2014

Проекти

Проектот „Млади и медиуми“ имаше за цел да ја анализира положбата на младите и медиумите во 11 земји од Југоисточна Европа. Фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум како главна активност на овој проект спроведоа истражување за односите меѓу младите и медиумите. Истражувањето ја истражува положбата на младите во медиумите, потребите на младите од медиумите, како и нивната интеграција во медиумите. Истражувањето беше спроведено во Македонија, како и во: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Србија, Грција, Турција, Бугарија и Грција.

Ова истражување е прво во оваа област спроведено во 11 земји што ја отсликува реалната состојба на младите и медиумите. Алатки што се користеа за собирање податоци за истражувањето: интервјуа, барања за слободен пристап до информации и прашалници.

Како резултат на спроведеното истражување, се објави подетална анализа за секоја земја одделно, како и компаративна анализа со цел да се овозможи секоја земја да ја спореди и унапреди позицијата на младите во медиумите, перцепцијата на пошироката јавност и да поттикне зголемено учество и фреквенција во медиумскиот простор на политиките и проблемите на младите.

Проектот заврши со организацијата на конференцијата е-Општество: Млади и медиуми одржана на 7-8 февруари, 2014 година.