Мени

Слобода на интернет

Активностите од овој проект ќе имаат за цел да го зголемат капацитетот на целните групи за онлајн активизам преку блогирањето во целина, со посебен акцент на анонимното блогирање, како и за интернет-новинарство, во зависност од околностите на различните целни групи. Овој пристап се состои од две компоненти: знаења и вештини од една страна, и мотивација да се користат од друга страна. Иако техничките аспекти се од суштинско значење, бидејќи употребата на новите медиуми овозможува побрза и поширока мултилатерална комуникација, моралниот аспект е од клучно значење за успехот на проектот.

Цели на проектот:

  • Подобрување на капацитетите на активистите за стратешко комбинирање на употребата на нови технологии и вештините за критичко размислување како основа за заштита на човековите права на интернет
  • Потврдување на слободата и човековите права во дигиталната сфера преку подигање на свеста и обезбедување на ресурси за граѓаните, граѓанските организации и медиумите.
  • Зголемување на производството на онлајн содржини релевантни за поттикнување на критичко размислување во контекст на притисок кон спротивставени гласови.

Период на спроведување: 1 февруари 2012 - во тек