Слобода на изразување и говор на омраза

18.09.2014

Проекти

Проектот се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на специфични цели со цел да се надградат нивните способности за користење на новите технологии, во комбинација со лидерски вештини и вештини за критичко размислување кои не се обезбедени од државниот образовен систем (реторика, аргументирано пишување). Примарните корисници на проектот ќе оформат основна група на лидери кои ќе го шират знањето во рамките на своите заедници на терен и на национално ниво преку низа интернет алатки, при што ќе ја подигаат јавната свест за определени прогресивни каузи.

Растечката употреба на социјалните медиуми во Македонија како простор за слободно изразување, кои имаат неколку стотици илјади корисници, не е проследена со развој на знаења и лидерски способности меѓу активистите со кои би се искористил овој огромен потенцијал. Социјалните медиуми може да овозможат надминување на изолацијата помеѓу граѓаните и заедниците, создавање на простори за слободно изразување и градење на врски и остварување соработка, а во комбинација со други форми на активизам да ги мобилизираат за решавање на конкретни проблеми.

Истовремено, иако порастот на говорот на омраза во социјалните медиуми е забележителен, не е направена сеопфатна независна анализа на сите системски извори кои генерираат омраза (од закони и односи на институции до ефекти).

Цели на проектот:

  1. Ширење на технички и лидерски вештини во граѓанскиот сектор во Македонија, со што ќе се овозможи НВО и индивидуални активисти да почнат да ги користат како средство за позитивни општествени промени во врска со избрани важни каузи.
  2. Придонес во идентификувањето и намалувањето на говорот на омраза онлајн.