Мени
kritink

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии со финансиска поддршка на Европската Унија преку ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017.

Проект бр.: IPA/2017/393-851

Времетраење на проектот: 01.01.2018 - 31.12.2020

 

Општата цел на акцијата е да ја промовира медиумската писменост како основа за чување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура на критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности. Следниве конкретни цели, кои ќе се постигнат за времетраењето на проектот, ќе придонесат кон остварувањето на општите цели: (КЦ1) Унапредување на културата на критичкото размислување преку едукација на општата јавност за штетните последици кои медиумските манипулации ги имаат врз демократијата и европските вредности; (КЦ2) Зголемување на капацитетите на граѓанските организации (ГОи) и медиумите да адресираат медиумски манипулации (вклучително и говор на омраза) преку подобрување на нивоата на медиумска писменост преку заеднички ангажман со државните институции; (КЦ3) Зголемување на граѓанската побарувачка за отчетни медиуми преку јавна едукација, промоција на професионални стандарди и меѓународни практики кои ги штитат слободата на мислење и изразување.