Мени
logo_quadri_web

Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со основна цел да придонесе за поттикнување на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за иновативна соработка во која се вклучени различни чинители и тоа од повеќе нивоа: локално, регионално и национално. Носители на оваа институционална соработка за развој на локалната демократија се Регионалниот Совет на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Р. Македонија.

Децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија се конкретизира преку тригодишна програма (2010-2013) поделена на 7 оски:      

  1. Дигитални технологии и медиуми
  2. Млади и активно граѓанство
  3. Попис на културно наследство
  4. Културни политики
  5. Туризам
  6. Развој на земјоделство
  7. Човекови права

Активностите во секоја оска се спроведуваат од страна на „тандеми“ составени од една француска и една македонска организација, специјализирани во таа област. Исто така, вклучени се многубројни други локални чинители: општини, здруженија на граѓани, фондации, приватен сектор, образовни установи инт. Оваа соработка има цела да придонесе во создавањето на  иновативни локални јавни политики во областите кои ги опфаќа преку обуки, студиски патувања, работилници или други видови на размени.

Фондацијата Метаморфозис спроведува активности од првата и последната оска.