Мени
logo (1)

Techsoup Balkans програма за софтверски донации

Фондацијата Метаморфозис е партнерска организација на програмата за софтверски донации Techsoup Balkans, надлежна за следните држави:

  • Македонија
  • Косово
  • Албанија

logo (1)

Програмата за донации Techsoup Balkans нуди широк опсег софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки кои можете да ги добиете плаќајќи само административна такса. За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа како и за да добивате донации, најпрвин мора да се регистрирате преку следнава врска: https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.

Оваа донација е достапна за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи.

Откако ќе ја завршите регистрацијата (која е индивидуална), Ве молиме пополнете ја и регистрацијата за Вашата непрофитна организација или јавна библиотека преку следнава врска: https://www.techsoupbalkans.org/mk/civicrm/profile/create?reset=1.

Напомена: Сите полиња обележани со ѕвездичка се задолжителни за пополнување. При пополнувањето на регистрацијата на платформата Techsoup Balkans Ве молиме користете само англиска (латинична) поддршка на тастатурата.