Мени

Тематска мрежа КОМУНИЈА

Тематската мрежа КОМУНИЈА има цел да стане европска референтна точка за теоретска анализа и дискусија за стратешки политики околу постојните и новите прашања во врска со јавниот домен во дигиталната околина – како и сродни теми, вклучително, но не и ограничено на, алтернативни форми на лиценцирање за креативен материјал; отворен пристап до научни публикации и истражувачки резултати; управување со дела чии автори се непознати (т.е. дела-сирачиња).

Фондацијата Метаморфозис е основачки член на Тематската мрежа КОМУНИЈА, којашто се состои од 51 членови од Европа и пошироко (вклучувајќи ги и САД и Бразил).

КОМУНИЈА своите активности ги започна на 1 септември, 2007 година.