Мени
gg

Добро владеење

Добро владеење е начинот на кој јавните институции се справуваат со јавните прашања и управуваат со јавните средства. Владеење е процесот на донесување одлуки и процесот во кој одлуките се имплементирани или не се имплементирани.

Метаморфозис работи на подигнување на свеста на креаторите на мислења и носителите на одлуки на национално и регионално ниво преку собирање на локални и странски експерти и локални новинари, политички претставници и други релевантни заинтересирани страни на предавања, конференции, семинари, отворени дебати и онлајн форуми.

Воедно, Метаморфозис им помага на институциите со решенија и консултации за ИКТ за развој на е-услуги со цел подобрување на нивната соработка со граѓаните и поттикнување на вклучувањето на граѓаните во дебати за јавни прашања.

Потпрограми во рамките на оваа програма се: Транспарентност и отчетност и е-Владеење.

Потпрограми