Мени
opstestveni

Општествени иновации

Општествените иновации претставуваат нови стратегии, концепти, идеи и организации кои ги пресретнуваат општествените потреби од сите видови – работни услови, образование, развој на заедницата, здравје – кои го зајакнуваат граѓанското општество. Метаморфозис работи на развој на иновативни начини на учење, дигитализација на образовни ресурси, отворени пристап со кој се овозможува слободна достапност на рецензирани научни и академски написи, промоција и дистрибуција на отворените образовни ресурси, адаптација, локализација, создавање на упатства и дистрибуција на слободен софтвер. Исто така, Метаморфозис го поттикнува развојот на е-содржини од Македонија на локалните јазици преку обезбедување алатки за нивна промоција и создавање. Потпрограми во рамките на оваа програма се: Нови медиуми и Слободна култура.

Потпрограми