Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Норвешка: Владата ги усвојува отворените стандарди

Норвешка: Владата ги усвојува отворените стандарди PDF Печати Е-пошта
28.07.2009
Од јануари, 2012 г., норвешката јавна администрација ќе мора да ги користи форматите ODF и PDF при испраќањето на документи до граѓаните и претпријатијата.

Стандардите за отворен формат на документи се дел од списокот на ИТ стандарди што ќе се користат во Норвешка, соопшти владата во текот на овој месец.

Во списокот се вклучени и мултимедијалните кодови со отворен код Theora/Vorbis/Ogg и Flac, како и PNG, формат на слики со отворен код, за користење на владините веб-сајтови.

Отворените ИТ стандарди и форматите со отворен код треба на корисниците да им го олеснат пристапот до владините информации без оглед на тоа кој софтвер и компјутерска опрема се користи, се вели во соопштението на Владата.

Одлуката значи дека на корисниците им се дава право да гледаат и преземаат мултимедијален материјал од државните институции во отворен формат, т.е., во формат кој не е ограничен на технологијата на поединечни добавувачи на пазарот“, изјави министерот за реформи Хајди Гранде Ројс.

Во својот „Каталог за „ИТ стандарди во јавниот сектор“, објавен на 25 јуни, норвешката влада објаснува дека отворените стандарди и форматите со отворен код се наменети да им помогнат на корисниците да избегнат да бидат ограничени од страна на технологијата, дистрибутерите на ИТ или бизнис моделите. Стандардите и форматите исто така треба да „придонесат за поурамнотежена конкуренција меѓу играчите на пазарот, што ќе и оди во прилог на норвешката ИКТ индустрија“.

Извор:  OSOR.eu „Norway: Government adopts open standards“ 28 јули, 2009.
Тагови: Норвешка , ODF , PDF
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5