Услуги

Фондацијата Метаморфозис нуди изработка на ИТ решенија, развивани според потребите на клиентите или пак како дел од проект. Воедно, нудиме поволни и квалитетни услуги за развој, адаптација, локализација и ажурирање на веб содржини.

Исто така, Метаморфозис организира обуки (курсеви) кои може да се состојат од еден или повеќе модули кои може да се комбинираат според потребите на клиентот. Некои од темите кои може да се опфатат со овие обуки се:  користење на социјалните медиуми за промоција и активизам, веб-новинарство, обработка на аудио и видео содржини, веб дизајн и друго.