Мени
digital-storytelling

Дигитални приказни

Курсот се однесува на куса форма на продукција на дигитални медиумски записи кои им овозможуваат на луѓето да споделуваат аспекти од своите животни приказни. „Медиумски записи“ може да подразбира дигитален еквивалент на филмски техники, анимација, фотографии, аудио записи или било која друга форма на медиумски запис кој не е физички (материјал кој постои само како електронски запис, наспроти реални слики или фотографии на хартија, звук запишан на диск или филм снимен на лента) кој може да се користи во раскажувањето на приказни или претставувањето на идеи.