Мени
cdbanermk05

„Заврши си работа“, ЦД со слободен софтвер локализиран на македонски јазик

cdbanermk05

По повод Денот на слободниот софтвер, Фондацијата Метаморфозис во сабота (16.9.2006 г.) ќе го издаде „Заврши си работа“, ЦД со слободен софтвер локализиран на македонски јазик. ЦДто ќе биде дистрибуирано преку весникот „Време“ и ќе може да се купи по цена од 50 денари. На него може да се најде слободен софтвер за:

  • канцелариско работење (ОпенОфис.орг),
  • сурфање и е-пошта (Фајрфокс, Тандербрд),
  • обработка на слики и фотографии (ГИМП), и
  • игри (Битка за Веснот)

Софтверот е наменет за компјутери кои користат оперативен систем Виндоус. Приходот од продажбата на ЦДто ќе биде искористен за понатамошно развивање на слободниот софтвер.

Поврзани натписи