Во четврток, 9 март, 2006 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11:15 часот, ќе се одржи промоција на интернет сервисот „Најди! Книга“ кој нуди пребарување на севкупниот текст на македонски печатени книги.
Интернет-сервисот „Најди! Книга“ ќе го промовира креаторот на македонскиот пребарувач Најди!, Петар Кајевски, а ќе бидат присутни и проф. Зоран Велковски, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставници на повеќе истакнати македонски издавачи, како и претставници на Фондацијата Метаморфозис.
Најди! Книга е дел од најстариот активен македонски пребарувач Најди! во чии рамки функционира и сервисот Најди! Блог, кој нуди следење од едно место на сите македонски блогови, кои стануваат се попопуларен медиум во земјава.