Интернет гигантот „Гугл“, кој само за десетина години стана најдобриот сегмент во област на веб-пребарувањето, го објави проектот во кој нуди милионски суми за добра идеја.
„Десет на стота“ е најновата иницијатива на „Гугл“, а основната идеја на проектот се состои од тоа корисниците да се вклучат во натпреварот и да ги предложат своите идеи со кои може да им се помогне на голем број луѓе во светот.
Натпреварот е организиран во осум различни категории – заедница, можности, енергија, околина, здравје, образование, покрив над глава и слично. Победниците во секоја категорија ќе поделат десет милиони долари за реализирање на своите идеи. Во натпреварувањето „Десет на стота“ секој може да се вклучи со идеја, а пријавувањето трае до 20 октомври. Тогаш „Гугл“ ќе ги објави 100-те финалисти за кои секој корисник на интернет ќе може да го даде својот глас. Дваесет полуфиналисти, со најголем број гласови, ќе бидат претставени пред стручниот тим на „Гугл“, кој, пак ќе одбере пет најдобри. Конечните победници ќе бидат објавени во февруари наредната година.
Заинтересираните може да ја пополнат апликацијата овде.
Извор: Време „Гугл нуди 10 милиони долари за добра идеја“ бр. 1481, 26 септември, 2008.