Соопштение за јавност

Скопје, 16.01.2006

Тарчуловски, (ВМРО-)НП и Бесими се медиумски зборови на 2005 година

Македонскиот пребарувач Најди!, во соработка со Фондацијата Метаморфозис, ги претставува медиумските зборови на годината – зборови чие користење во медиумите (*) најмногу се зголемило во 2005 година во споредба со 2004 година.

Покрај Јохан Тарчуловски и Фатмир Бесими, на листата на личности со најголемо зголемување на медиумскиот интерес се Метју Нимиц, Оли Рен и Мери Младеновска-Ѓорѓиевска. Најголем пад на заинтересираноста има за Џон Кери, Сашко Кедев и Агрон Буџаку.

Како и во минатата година, и оваа политиката доминира на ранг-листите. Така, „снегот“ е единствената домашна неполитичка тема во листата на 20 често користени зборови.

* Ранг-листата се прави според бројот на текстови во кои се користи дадениот збор, а не според бројот на пребарувања на тој збор.  Споредбата е направена на основа на текстовите објавени на сајтовите на дневните весници Вест, Дневник и Утрински весник, телевизиите А1 и Канал 5, како и порталот Идивиди. Критериумот за избор на сајтови беше сајтовите да содржат значаен број на текстови за целите 2004 и 2005 година.

За повеќе информации обратите се до Петар Кајевски од Најди! на моб. 070-679-689, или до Метаморфозис (info@metamorphosis.org.mk, тел. 02-3109-325).

За Најди! и Метаморфозис

Најди! (najdi.org.mk) е македонски пребарувач (search engine) специјализиран за пребарување на медиумски сајтови. Дел од Најди! е и популарната страница Најди! Блог (najdi.org.mk/blog) преку која можат да се следат речиси сите македонски блогови (интернет дневници). Во првиот квартал на 2006-та, Најди ќе го воведе Најди! Книга – сервис за наоѓање на печатени македонски книги.

Фондацијата Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk) работи на подобрување на општествените услови преку унапредување, промовирање и употреба на информациските и комуникациските технологии (ИКТ).


Прилог – резултати

Табела 1: Најголемо процентуално зголемување на интересот кај често употребуваните зборови

збор
бр. на текстови во 2005 год.
бр. на текстови во 2004 год.
зголемување (%)
1
(Јохан) Тарчуловски
524
11
4764%
2
(ВМРО)-НП
738
27
2733%
3
(Фатмир) Бесими
692
85
814%
4
(Метју) Нимиц
533
72
740%
5
птичјиот
525
71
739%
6
Оли (Рен)
537
75
716%
7
(Мери) Младеновска
(-Ѓорѓиевска)
784
128
613%
8
цунами
600
113
531%
9
Трифун (Костовски)
2044
465
440%
10
папата
741
169
438%
11
градоначалници
1074
277
388%
12
снегот
532
143
372%
13
Ватикан
559
158
354%
14
Махмуд (Абас)
504
146
345%
15
Анте (Готовина)
590
197
299%
16
(Владо) Бучковски
5751
1969
292%
17
амандмани
522
180
290%
18
(Минчо) Јорданов
513
177
290%
19
ЕК (Европската комисија)
556
222
250%
20
(Зоран) Вранишковски
596
238
250%

Објаснување: Оваа категорија ги вклучува зборовите кои се појавиле во најмалку 500 текстови во текот на 2004 година. При тоа, во ранг-листата е дадена само формата на зборот, односно делот од името, кај кои има најголемо процентуално зголемување на користењето.

Табела 2: Најголемо процентуално намалување на интересот кај често употребуваните зборови

збор
текстови 2005
текстови 2004
намалување (%)
1
територијалната
180
1086
83,4%
2
претседателскиот
139
800
82,6%
3
Кери
104
593
82,5%
4
Кедев
116
651
82,2%
5
претседателските
421
1862
77,4%
6
олимпијадата
151
653
76,9%
7
Буџаку
172
656
73,8%
8
Костов
592
2111
72,0%
9
Мемети
161
531
69,7%
10
Батлер
182
532
65,8%
11
референдумот
757
2157
64,9%
12
Трајковски
1032
2238
53,9%
13
киднапирани
249
514
51,6%
14
коалициските
290
569
49,0%
15
Сашко
534
1045
48,9%
16
конгрес
575
1060
45,8%
17
Слога
338
606
44,2%
18
рамковниот
837
1495
44,0%
19
демократскиот
360
618
41,7%
20
Ирачани
352
604
41,7%

Објаснување: Оваа категорија ги дава зборовите кои доживеале најголем пад на популарноста во 2005 година. Притоа, рангирани се само зборовите кои биле често употребувани во 2004 година, т.е. кои се појавиле во преку 500 текстови во таа година.

Табела 3: Медиумски личности на годината – често споменувани личности со најголемо процентуално зголемување на интересот во 2005 година

1
Јохан Тарчуловски
2
Фатмир Бесими
3
Метју Нимиц
4
Оли Рен
5
Мери Младеновска-Ѓорѓиевска
6
Трифун Костовски
7
Махмуд Абас
8
Анте Готовина
9
Владо Бучковски
10
Минчо Јорданов

Објаснување: Ранг-листата е направена според зголемувањето на бројот на текстовите кои го споменуваат презимето на личноста, со дополнителни проверки за случаите кога повеќе познати личности имаат исто презиме. Поради тоа даден е само пласманот на личностите.

Табела 4: Надвор од фокусот – често споменувани личности во 2004 година, со најголемо процентуално намалување на интересот во 2005 година

1
Џон Кери
2
Сашко Кедев
3
Агрон Буџаку
4
Хари Костов
5
Иџет Мемети
6
Лоренс Батлер
7
Борис Трајковски
8
Садам Хусеин
9
Љубчо Георгиевски
10
Тодор Петров

Објаснување: Ранг-листата е направена според намалувањето на бројот на текстовите кои го споменуваат презимето на личноста, со дополнителни проверки за случаите кога повеќе познати личности имаат исто презиме. Поради тоа даден е само пласманот на личностите.

Табела 5: Најголемо процентуално зголемување на интересот кај поретко употребуваните зборови

збор
текстови 2005
текстови 2004
зголемување (%)
1
кандидатски
376
23
1635%
2
Џемали
354
27
1311%
3
Шевенинген
244
20
1220%
4
Марти
211
22
959%
5
пирамида
326
35
931%
6
Камчева
174
20
870%
7
европрашалникот
157
20
785%
8
живината
206
27
763%
9
Барнс
202
27
748%
10
Малиновски
217
30
723%
11
Манасијевски
249
37
673%
12
Луизијана
131
20
655%
13
кардинал
156
24
650%
14
Кметовски
191
30
637%
15
Киргистан
210
33
636%
16
едношалтерскиот
159
25
636%
17
ураганот
441
70
630%
18
Мухиќ
286
46
622%
19
ОИК
157
26
604%
20
Рита
179
30
597%

Објаснување: Оваа категорија ги вклучува зборовите кои се појавиле во помалку од 500, но повеќе од 50 текстови во 2005 година, при што истите зборови се појавиле во барем 20 текстови во 2004 година.

Табела 6: Најголемо апсолутно зголемување на интересот кај зборови кои минимално биле користени во текот на минатата година

збор
текстови 2003
текстови 2004
зголемување (бр. текстови)
1
Катрина
339
1
338
2
Сантрач
313
1
312
3
Косуми
297
4
293
4
Меркел
259
11
248
5
Бабунски
238
19
219
6
Мазнов
200
6
194
7
Џорџе
191
0
191
8
Кметовска
171
0
171
9
пандемија
187
16
171
10
Верушевски
184
16
168
11
Карерас
162
2
160
12
Фуере
138
0
138
13
Станишев
143
6
137
14
Каи
149
13
136
15
Вајгел
140
7
133
16
породилното
132
6
126
17
ЕЛЕМ
131
7
124
18
торакална
129
5
124
19
евроуставот
127
4
123
20
Заев
134
13
121

Објаснување: Оваа категорија ги дава зборовите кои се појавиле „од никаде“ во 2005 година, т.е. биле споменати најмногу 20 пати во претходната година. Ранг-листата е дадена според апсолутното зголемување на бројот на текстовите.