Архива

mediumski-item-img-1.png

28.05.2007

Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс

Македонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик. На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс. Фондацијата Метаморфозис ве поканува да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини. Повеќе >>> 

mediumski-item-img-1.png

08.05.2007

Резултати од конкурсот за отворање нови дигитални клубови

Во рамките на конкурсот за отворање нови дигитални клубови кој Метаморфозис го распиша на 12 февруари оваа година, Фондацијата објавува дека грантови во вид на компјутерска опрема ќе бидат доделени на следните проекти: Еколошко друштво „Здравец“ – Македонска Каменица, ДК Саса НВО Милениум – Тетово, ДК Слатина  Овие проекти грантовите ги добиваат за отворање нови дигитални клубови во рамките на проектот Дигитални клубови. Проектите беа одбрани врз основа на условите кои беа пропишани со конкурсот и кои тие требаше да ги исполнат, како и врз основа на квалитетот на понудениот проект и проценетиот капацитет на организацијата за негово спроведување. Повеќе >>> 

Прикажи повеќе