Според текстот од нацрт-законот, на француската полиција ù се дава можност да инсталира шпионски софтвер физички или пак од далечина, со цел прислушување на електронските комуникации, а со законот ќе се воведе и интернет филтрирање врз основа на административна одлука.

На 27 мај, 2009 г., Законот за програмирање во рамки на домашната безбедност (Loppsi) беше презентиран од Мишел Алио-Мари пред францускиот Совет на министри.

Со овој закон на француската полиција ù се дава можност да инсталира шпионски софтвер физички или пак од далечина, со цел прислушување на електронските комуникации, а со законот ќе се воведе и интернет филтрирање врз основа на административна одлука.

Според текстот, на криминалната истражна полиција ќе и се овозможи да постави еден вид внатрешен или надворешен USB клуч на компјутерот на осомничениот, кој ќе испраќа податоци до компјутерите на овластените агенции. Полицијата може исто така да инсталира „тројани“ од далечина преку кои ќе има пристап до сите податоци во компјутерот во реално време.

На полицијата ќе ù биде овозможено да ги користи овие алатки само во „најсериозните случаи“ во кои сепак спаѓа и „поддршката за нелегален влез и престој на странец“. Под контрола на истражниот судија, истражниот орган ќе мора да ја оправда употребата на оваа техника наведувајќи го прекршокот за кој се води истрагата, местото каде ќе се одвива истрагата и нејзиното времетраење. Шпионскиот софтвер може да се инсталира на четиримесечен период со можност за еднократно продолжување.

Контролата на истражниот судија ќе биде позитивна работа бидејќи истражните судии не зависат од Министерството за правда и имаат слобода во носењето одлуки во однос на сериозноста на истрагата. Сепак, доколку се спроведе проектот на француската влада за правна реформа, повеќе ќе нема истражни судии, што значи дека одговорноста за одобрување на шпионски софтвер ќе премине на обвинителот на Републиката.

Законот исто така ги обврзува интернет провајдерите „без одложување“ да го блокираат пристапот до сајтови вклучени на листата издадена под надзор на Министерството за внатрешни работи. Листата нема да биде јавно објавена и со тоа ќе биде невозможно истата да биде оспорена, а со тоа ќе се појави ризик од злоупотреби.

Со цел да се спречи оспорување, за почеток, законот ќе се концентрира на педофилските содржини со цел „да ги заштити интернет корисниците од слики со детска порнографија“. Операторите ќе треба воведат софтвер во нивната мрежа со кој ќе се прекине секаква конекција на педофилски сајтови наведени од полицијата. Француската влада секогаш ќе може да ја прошири листата со едноставно донесување на одлука.

Во текстот се наведени и строги санкции за интернет провајдерите кои нема да се придржуваат до законот – казни до 75.000 евра и една година затвор.

Draft law on the orientation and programming for the performance of the domestic security
http://static.pcinpact.com/pdf/Loppsi_projet_loi.pdf

Decrypting: Sarkozy and his work of controlling the Internet (only in French, 20.05.2009)
http://www.numerama.com/magazine/12948-Decryptage-Sarkozy-et-son-oeuvr…

 

Извор: ЕДРИ-грам „The French Government wants to spy on electronic communications“ бр. 7.11, 3 јуни, 2009.