Според аналитичарите од конкретната индустрија, проблемите во бизнисот со персонални компјутери ја зголемуваат веројатноста дека во 2009 ќе се случи првиот пад на продажбата на персонални компјутери од 2001 година.

Уште од почетокот на годината, имаше сè повеќе индикации дека влошувањето допрело до неочекувани делови од пазарот, со тоа што се јавуваа проблеми дури и во некои од новите пазари, на кои претходно се гледаше како на главен извор за развојот.

„Дефинитивно сме попесимистички настроени“, изјави Лорен Ловерде од IDC, групата за технолошко истражување.

Тој изјави дека последната официјална прогноза на IDC дека бројот на продадени персонални компјутери годинава ќе се зголеми за 4 отсто, најверојатно нема да се оствари: „Како што почнаа да се одвиваат работите, би можело да се случи токму спротивното.“

Слабата заработка што Леново – четвртиот по големина производител на персонални компјутери ја забележа минатата недела, покажа дека особено корпорациите ги намалуваат набавките.

Ова, како и намалената продажба во новите земји на пазарот, сугерира дека кризата не ги погодила само потрошувачите во развиените земји, што се очекуваше да биде главната причина за слабост на индустријата.

Минатиот месец Мајкрософт предупреди дека првата половина од оваа година најмалку ќе можеме да видиме послаби услови отколку во последното тромесечје од минатата година, кога очекуваното зголемување од 10-12 отсто на пазарот на персонални компјутери целосно исчезна.

Други фактори го комплицираа гледиштето и може да донесат повеќе нарушувања за традиционалната индустрија на персонални компјутери, велат аналитичарите. Се чини дека Мајкрософт се подготвува за рано лансирање на следната верзија на оперативниот систем Виндоуз. Оперативниот систем Виндоуз 7, којшто некои од индустријата го очекуваат во јули, може да привлече нов интерес од корпоративните клиенти кои избегнуваа да купуваат персонални компјутери базирани на тековниот систем Виста.

Фактот дека новиот Виндоуз е дизајниран да работи на помалку моќни компјутери би можел да го наруши нормалниот шаблон на сè поголема побарувачка на сè помоќни компјутери, предупреди Дејвид Смит, аналитичар во Гартнер.

Производителите на персонални компјутери би можеле да имаат полза но и загуби благодарение на нетбук – новата генерација на мали, евтини преносни компјутери.

Тие сочинуваа една осмина од продадените преносни компјутери во последното тромесечје од минатата година, а продажбата се очекува да се зголеми двојно во 2009 г. Сепак, евтините компјутери би можеле да ја намалат продажбата на традиционалните преносни компјутери, намалувајќи го профитот на производителите на компјутери, изјави г. Ловерде.

Извор: FT “Sales of PCs to fall for first time in eight years” 8 февруари, 2009.