Поранешната југословенска република Црна Гора му забрани на персоналот од јавниот сектор да пристапува до популарните веб-сајтови Фејсбук и Јутјуб во работно време.
Почнувајќи од четврток, вработените во државните институции кои во работното време ќе се обидат да се логираат на веб-сајтовите за социјално вмрежување и споделување на видеозаписи – Фејсбук и Јутјуб, ќе ја добијат пораката “немате пристап“.
„Со цел да се подобри преносот на податоци и да се намали оптовареноста на мрежите на владините агенции во текот на работното време, оневозможен е пристапот до потенцијално опасни веб-сајтови и сајтови што генерираат обемни содржини“ соопшти владата.
Црна Гора има околу 650.000 жители. Во последните години бележи значителен пораст на употребата на интернетот. Според веб-порталот Cafemontenegro.com во Црна Гора има околу 14,000 корисници на Фејсбук. Популарноста на Јутјуб е исто така зголемена во поранешната југословенска држава.
Според Бит, локално списание за информатичка технологија, околу 40 отсто од црногорците биле регистрирани корисници на интернет и мобилна телефонија во 2007, за разлика од едноцифрената бројка на проценти од пред неколку години.
Извор: Yahoo! Tech “Montenegro bans Facebook, YouTube in public offices” 24 декември, 2008



