Транзицискиот тим на Обама ги објави повеќето свои слики и текстови под лиценца Криејтив комонс – Наведи извор 3.0. Отсега тоа ќе важи и за Белата куќа.
Секако, материјалите подготвени од сојузната влада припаѓаат на јавниот домен. На страницата за авторските права на новиот веб-сајт whitehouse.gov пишува:
Освен во случаите каде што е наведено поинаку, содржините од трети страни на овој веб-сајт се лиценцирани под лиценца на Криејтив комонс – Наведи извор 3.0. Посетителите на овој веб-сајт се сложуваат да им овозможат на сите лица неексклузивна, неотповиклива лиценца ослободена од авторски надомест за материјалите поднесени на Whitehouse.gov под лиценцата Криејтив комонс – Наведи извор 3.0.
Ваков вид на поддршка секако оди во прилог на движењето на слободната култура.
Извор: Ragesoss “Creative Commons on whitehouse.gov” 21 јануари, 2009



