Нашата музика, култура и наука, како и нашата економска благосостојба зависат од деликатната рамнотежа помеѓу контролираните и слободните идеи, помеѓу интелектуалната сопственост и јавниот домен.

Во својата книга „Јавниот домен: Вклучување на заедничките дела на умот“ (издадена од Универзитетот Јејл) Џејмс Бојл на читателите им ја претставува идејата за јавниот домен и опишува како тој трагично еродира како резултат на сегашните закони за авторски права, патенти и трговски марки.

Во повеќе фасцинантни студии на случаи, Бојл објаснува зошто генетските секвенци, основните бизнис идеи и парови од музички ноти сега се во нечија сопственост, зошто џезот би можел да биде нелегален доколку се измисли денес, зошто поголемиот дел од културата на 20-от век е законски недостапна за нас и зошто денешните политики најверојатно би ја задушиле Светски Распространетата Пајажина (World Wide Web) уште во нејзините зачетоци. Книгата ќе се продава комерцијално, но, соодветно на насловот, исто така ќе биде достапна на интернет бесплатно под лиценца Криејтив комонс.

Книгата на Бојл е повик за акција. Во духот на традицијата на еколошкото движење, кое за првпат измисли и сакаше да заштити нешто што беше наречено „околината“, Бојл се надева дека на ист начин ќе можеме прво да го разбереме, а потоа да го заштитиме јавниот домен – еколошкиот центар на „информациската околина.“

Со јасна анализа на прашања тргнувајќи од филозофијата на иновацијата на Томас Џеферсон до музички примероци, споделувањето на датотеки и генетски инженеринг, па сè до патентирани сендвичи со путер од кикирики, оваа разбирлива и убава книга внесува нова позитивна перспектива во важните културни и правни дебати, вклучувајќи го и она што Бојл го нарекува „војните од далечина во информатичкото доба“: денешните вжештени битки за интелектуална сопственост. Правата на интелектуална сопственост беа гледани како нешто техничко и непристапно. Бојл покажува дека, како култура, повеќе не можеме да си дозволиме ваков вид на свесно незнаење. „Вклучувањето на заедничките дела на умот“ е значајно, и ни значи на сите нас. „Бојл беше кумот на Движењето за слободна култура откако неговата необична книга Шамани, Софтвер и Слезини ја постави рамката за ова поле пред една декада,“ вели Лоренс Лесиг. „Во оваа убаво напишана и суптилно аргументирана книга, Бојл успеа одново да ја постави таа рамка, и ја започна работата во следната фаза на ова поле. Јавниот домен е од суштинско значење за да се разбере каде била дебатата и каде таа ќе се движи во иднина. Работата на Бојл останува во центарот на таа дебата.“

Благодарност до Жоао Мореира де Са Кутињо за несебичното обезбедување на доменот, до Деканот Јансен за стилскиот дизајн на веб-сајтот и експертската помош, како и до Џонатан Зитрејн за обезбедувањето на моделот.)

Фондацијата Метаморфозис е претставник од Македонија во мрежата КОМУНИЈА која работи на промоција и проширување на јавниот домен.

Извор: The Public Domain