Третиот фестивал „Верижна реакција“, настан организиран од Меѓународната мрежа Апгрејд! ќе се одржи во Скопје од 11 до 14 септември, 2008 г.
„Верижна реакција“ претставува заедничка заложба на Движењето и иницијатива – Лајн во соработка со други организации – членови на Меѓународната мрежа Апгрејд!, културен фестивал за дигитална уметност кој вклучува изложби, видео проекции, изведби во живо пренесувани преку интернет и програма од предавања и работилници со кои се испитуваат различните аспекти на дигиталната уметност.
„Верижна реакција“ обединува уметници и куратори од повеќе од 20 градови од Азија, Канада, Европа, САД, Јужна Америка, Јужна Африка и Нов Зеланд. Се занимава со прашањата на културен развој во регионот на Западен Балкан и во дигиталните мрежи. Со прикажувањето на дела и презентации на повеќе од 50 меѓународни уметници, организаторите очекуваат настанот да биде катализатор на дијалог, идна соработка и културно разбирање.



