Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија организира Источноевропска конференција во Македонија на 12-ти и 13-ти септември, 2008 г.
Конференцијата е поддржана од програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства на фондацијата Институт Отворено Општество и Централно Европската Иницијатива и ќе има 60 учесници од цела Европа, главно млади новинари или медиумски професионалци кои работат во онлајн медиуми од Централно-источна и Југоисточна Европа.
Конференцијата ќе овозможи:
- Размена на контакти и искуството од онлајн медиумите за млади во Европа меѓу студентите и младите новинари.
- Дискутирање за улогата на Информатичката технологија во создавањето на релевантни медиуми за млади и портали и нивната важна улога за младата генерација.
- Размена на мислења за влијанието на овие медиуми за млади врз глобалната мрежа и за денешното новинарство на интернет.
- Дебатирање за нови теми во врска со развојот на Информатичкото општество вклучувајќи го неговото позитивно и негативно влијание врз глобализацијата и „виртуелниот“ живот на младите луѓе во Централна и Источна Европа и Кавказ.
- Преглед на релевантните онлајн медиуми за млади преку проучување на случаи и процена на нивната улога во демократскиот развој и промоција на јавното мислење на младите во овие региони.
На конференцијата ќе има четири работни сесии
- Прва сесија: глобално медиумско село,
- Втора сесија: онлајн медиуми за млади и младински портали,
- Трета сесија: блогови, форуми, групи на јаху, фејсбук, мајспејс, хај-фајв, и
- Четврта сесија: заедници на интернет: животот на интернет и виртуелната реалност
Извор: European Youth Press



