Вечерта на 2-ри март, Интернет заедницата на Ерменија (ИСОК) нелегално го прекина функционирањето на неколку домени, меѓу кои и А1+ – www.a1plus.am , Haykakan Zhamanak – www.azatutyun.am , E-channel – www.echannel.am. Во базата на податоци на ИСОК, тие имаат ознака  „во мирување“.

Со овој потег, А1+ се лишени не само од сајтот туку и од сервисот за е-пошта.Овие домени беа „замрзнати“ без одлука на одборот на ИСОК; или по налог на кабинетот на претседателот, или на Службата за државна безбедност.

Во декретот на претседателот Кочарјан никаде не се спомнува замрзнувањето на домени, затворањето на веб-сајтови и медиуми.

Би сакале да им помогнеме на оние кои сè уште сакаат да пристапат на гореспоменатите веб-сајтови. Порталите Echannel.am и Azatutyun.am имаат резервни копии на записите од системот за имиња на домени. На Echannel.am може да се пристапи и преку Е-channel.am, а до порталот Azatutyun.am преку armenialiberty.am. Во моментот преговараме со одборот на ИСОК за да издејствуваме кај нив да прекинат со нелегалното блокирање на нашите имиња на домени.
Сепак, постои можност да бидат блокирани и резервните имиња на домени (e-channel.am и armenialiberty.am). Во тој случај, ќе објавам список на IP имиња за серверите, каде што ќе може да се најдат овие и други блокирани веб-сајтови за информирање, и на кои можете да пристапите со кликнување на линковите во списокот подолу.

Да ве потсетам дека А1плус, каналот ЈуТјуб и блогот Асплус сè уште функционираат . Постои и електронска архива на ерменските весници, каде може да се најдат архивирани изданија на некои од блокираните веб-сајтови на весниците.

Извор: Блог на ерменски набљудувач