Групите за граѓански права La Quadrature du Net, European Digital Rights (EDRi), AK Vorrat и Netzpolitik.org го повикуваат Европскиот парламент да ги земе предвид советите на Европскиот супервизор за заштита на податоци – Питер Хастинкс, и да се откаже од плановите за „доброволно задржување на податоци“.

„Предлогот за којшто моментално се разговара во Европскиот парламент како дел од телекомуникацискиот пакет ќе им овозможи на провајдерите да соберат потенцијално неограничено количество на чувствителни податоци од доверливи комуникации, вклучувајќи ги нашите телефонски и имејл контакти, географската локација на нашите мобилни телефони и веб-сајтовите што ги посетуваме на интернет“, предупредува Патрик Брејер од германската работна група за задржување на податоци – AK Vorrat. „Освен создавањето на големи бази на податоци кое би можеле да бидат далеку поголеми од податоците што се прибираат согласно директивата за задржување на податоци, предлогот исто така ќе дозволи пренесување на податоци за интернет сообраќајот на други компании поради „безбедносни причини“. Не смееме да дозволиме потенцијално неограничено количество на податоци да биде изложено на ризици од откривање или злоупотреба на овој начин“ изјави Брејер.

„За овој предлог се лобира во името на „безбедноста“, но тоа всушност значи дека корисниците и граѓаните повеќе не треба да очекуваат да имаат приватност на интернет,“ додава Ралф Бендрат од EDRi. „Ова е јасно прекршување на европската традиција на сметање на приватноста за основно човеково право.“

Во еден документ објавен овој месец, Европскиот супервизор за заштита на податоци Питер Хастинкс им се придружи на критичарите, предупредувајќи дека со предлогот би се создал „ризик од злоупотреба“ и дека истиот „може да се протолкува како овозможување на прибирањето и обработката на податоци за интернет сообраќајот за безбедносни цели и неопределен период на време.“ Хастинкс донесе „заклучок дека целосното бришење на член 6.6 (а) би било најдобриот исход“ – истото мислење го делат и La Quadrature du Net, EDRi, netzpolitik.org и AK Vorrat.

“Неколку месеци пред изборите, граѓаните ќе имаат можност да видат дали членовите на Европскиот парламент сакаат да ја заштитат нивната приватност“, изјави Џереми Цимерман, ко-основач на граѓанската иницијатива La Quadrature du Net. „Секој граѓанин треба да ги информира своите претставници во Европскиот парламент и од нив да побара масивно да го одбијат членот 6.6 (а) од Директивата за е-приватност. Други круцијални прашања за содржината и неутралноста на мрежата се исто така загрозени. Мора да ги потсетиме членовите на Европскиот парламент дека биле избрани за да ги штитат основните права и слободи на европејците наместо да ги поништуваат поради нечии интереси.“

Во писмо од септември минатата година, 11 германски организации за граѓански слободи, новинари, адвокати и организации за заштита на потрошувачи „итно“ побараа од Комисијата, Советот и Парламентот да го отстранат предложениот член 6 (6а) и „да го одржат успешното регулирање на податоците од интернет сообраќајот“ за кое велат дека „се покажало како најдобра гаранција за нашата безбедност во информатичкото општество.“

Второ мислење на Европскиот супервизор за заштита на податоците околу прегледот на Директивата 2002/58/ЕЗ во врска со обработката на личните податоци и заштитата на приватноста во секторот на електронските комуникации (Директива за приватност и електронски комуникации) (09.01.2009)
http://www.edps.europa.eu/EDPSWEB/webdav/site/mySite/shared/Documents/…

Open leter to MEP rapporteurs (8.12.2008)
http://www.laquadrature.net/files/20081208_LaQuadrature_letter-rapport…

Resistance against watering down of traffic data protection (29.10.08)
http://www.vorratsdatenspeicherung.de/content/view/271/79/lang,en/

Position on the processing of traffic data for “security purposes” (27.01.2009)
http://www.vorratsdatenspeicherung.de/images/wg_esecurity_position.pdf

 

Извор: ЕДРИ-грам “EU proposal puts confidential communications data at risk“ бр. 7.2, 28 јануари, 2009.