Во текот на Генералното Собрание на Европската мрежа за дигитални права (ЕДРИ) одржано во Виена на 25 октомври, 2008г., беа избрани шест нови членови на бордот на ЕДРИ меѓу кои и претставникот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.
Новоизбрани членови на бордот на ЕДРИ:
- Бардил Јашари, Метаморфозис, Македонија
- Идан Кац, EFF, САД
- Андреас Криш, VIBE!AT, Австрија
- Богдан Манолеа, APTI, Романија
- Лина Ромпаинен, EFFI, Финска
- Марек Тиши, IuRe, Чешка Република
Конечно, бордот на ЕДРИ вклучува и претставници од земјите од Источна Европа. VIBE!AT од Австрија, на чело со Андреас Криш, беа домаќини на Генералното Собрание, а г. Криш беше избран за нов претседател на ЕДРИ. Три нови организации станаа членови на ЕДРИ: EFN од Норвешка, IT-Pol од Данска и Vrijschrift од Холандија.