Услугата „Лајв ТВ“ е достапна на целата територија на Република Македонија, а засега овозможува следење на програмите на А1-телевизија, Канал 5, Сител и ЕРА ТВ. Програмите преку мобилен телефон може да се следат во реално време.
Услугата, која првпат се воведува на македонскиот пазар, е достапна за сите корисници на „Космофон“ чии мобилни телефони поддржуваат 3Г-мрежа, а за да ја користат треба да го посетат мобилниот портал на wap.planet.mk каде што треба да ја одберат опцијата „Live Tv“ и ТВ-каналот што сакаат да го гледаат.
Извор: Нова Македонија: „Лајв ТВ“ нова услуга на Космофон. 18.08.2009.



