Најконтроверзниот Закон за дигитална економија беше усвоен од страна на британскиот Дом на лордовите, на 15 март 2010 година. Со законот се овозможува „привремена суспензија“ на интернет конекциите на оние лица кои наводно продолжуваат со „значително“ кршење на авторските права, по предупредувањата од нивните интернет провајдери.
Иако вообичаено за создавањето на собраниски закон е потребно прилично долго време, можно е овој закон да се донесе за кратко време бидејќи Лорд Менделсон, министерот за бизнис и трговија, инсистира следното читање на законот да биде на 6 април. Доколку има следно читање на Законот во Долниот дом пред изборите кои најверојатно ќе се одржат на 6 мај, нацрт-законот станува погоден за т.н. „забрзана процедура“ што значи дека нацрт-законот за кој нема доволно време во Собранието може да се протурка и да се заобиколи вообичаениот процес на дебатирање, по пат на преговори со кои предлозите би се преточувале во закон, пред да се распушти Собранието.
Предлог-законот беше усвоен од Горниот дом со измените и дополнувањата предложени овој месец од страна на Либерал демократите, со кои се отфрла првичната Точка 17. Меѓутоа, промената е исто така контроверзна, давајќи им на судиите моќ да ги принудуваат интернет провајдерите да блокираат веб-сајтови со „значителна“ количина на материјал заштитен со авторски права, што би можело да засегне голем број сајтови за споделување на видеа.
Загрижувачки е фактот што оригиналните измени и дополнувања на Точка 17 од страна на Либерал-демократите беа речиси идентични со измените и дополнувањата предложени од Британската фонографска индустрија. Клемент-Џонс, еден од двајцата подносители на измените и дополнувањата изјави за „Гардијан“ дека не е невообичаено лоби групите да поднесуваат измени и дополнувања доколку сметаат дека се во право. Но она што не го призна пред дебатите е дека бил партнер во адвокатската фирма DLA Piper која пак тесно соработува со индустријата за содржини.
“Постои огромен отпор кон екстремните закони кои поминуваат во Парламентот без дебата“ изјави Џим Килок, извршен директор на членот на ЕДРИ Open Rights Group, кој исто така додаде: „Луѓето им се лути на лобистите кои ги пишуваат нашите закони и поради тоа што како казна се предлага исклучување на интернет врската. Овој нацрт-закон треба да помине низ адекватна демократска контрола од страна на пратениците“.
Килок повика на „масовна кампања на граѓаните со која ќе бараат од нивните пратеници дебата за овој опасен закон”, додека Лорд Менделсон „се подготвува да го протурка овој драконски закон без демократска дебата”.
Кампањата иницирана од групата 38 степени и Open Rights Group резултираше со пораки од 10.000 британци за помалку од три дена, напишани до парламентарците, со барање да не се брза со донесување на Законот туку да се дебатира за Законот за дигитална економија.
Исто така, група на јавни личности, вклучувајќи уметници, активисти, учесници во кампањи, како и политичари упатија писмо до Владата барајќи да престане да го брза нацрт-законот, нагласувајќи го фактот дека нацрт-законот кој „се заканува сериозно да ги прекрши основните човекови права“ и со кој се воведуваат мерки за блокирање на веб-сајтови со што се забранува слободата на изразување мора да помине низ целосен преглед од страна на Парламентот пред да стане закон.
„Демократијата и одговорноста ќе бидат заобиколени доколку овој нацрт-закон и неговите измени и дополнувања се усвојат без расправа и во брза постапка. Со тоа уште повеќе ќе се поткопа довербата на илјадниците луѓе кои контактираат со пратениците известувајќи ги за својата загриженост, се вели во писмото.
Monica Horten – UK Liberal Democrats rise against Net blocking (10.03.2010)
Monica Horten – LibDems propose web blocking on say-so of music industry (3.03.2010)
Don’t rush through extreme web laws
10,000 letters sent to MPs to demand disconnection debate (19.03.2010)
Digital economy bill: what you need to know (22.03.2010)
Rush to pass digital bill will ‘sidestep democracy’ (19.03.2010)
Digital economy bill: peer defends not mentioning law firm’s web work (18.03.2010)
Lords pass controversial internet piracy bill (16.03.2010)
EDRI-gram: UK Government to decide on the Internet disconnections and web blocking (10.03.2010)
Извор: ЕДРИ-грам “UK is one step closer to blocking access to Internet” бр. 8.6, 24 март, 2010.



