Што е е-отпад?

е-ОтпадНесоодветно фрлените електронски уреди и делови, накратко именувани е-отпад (електронски и електричен отпад), претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи содржат токсични елементи кои се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Ваквите ризици се особено акутни во областите со нецелосно законодавството и каде што има недоволна заштита на животната средина.

Балканскиот регион е една таква област, со супстандардни практики за управување со е-отпадот, пропратени со недоволен и неефективен надзор и имплементација на постојните прописи. Потребата за справување со ваквата состојба во Македонија е нагласена и со Стратегијата за управување со отпад на РМ (2008-2020) на Владата на РМ. Придружувањето на ЕУ подразбира спроведување на стандардите за безбедност и заштита на животната средина, врз основа на директивите за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE Directive 2002/96/EC) и за забрана на опасни супстанци (RoHS Directive 2002/95/EC).

Проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад иницира решавање на овие проблеми во соодветните земји преку градење на капацитетите на граѓанските организации од регионот, за тие да можат да поттикнат промени и да работат заедно со сите релевантни чинители –  законодавната и извршната власт на централно и локално ниво, невладиниот и деловниот сектор обезбедувајќи знаења и ресурси, примена на новите технологии и вмрежување.

*Фотографијата во текстот е дело на Самуел Ман, искористена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор 2.0

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Што

е

е-отпад?