Извештај од семинарот „Вовед во веб дизајн“ за невладини организации

Семинарот „Вовед во веб дизајн“ за невладини организации се одржа во х. Метропол – Охрид, од 15 – 19 декември 2003 година. На семинарот учествуваа 24 претставници од невладините организации кои беа обучени во техниките на изработка на веб сајтови (види листа на учесници).

По завршувањето на обуката, секој од присутните изработи веб сајт за својата невладина организација. Следеше и презентација на сите изработени веб сајтови, како и гласање од страна на присутните слушатели и предавачи за избор на најдобар сајт.

За најдобри беа прогласени веб сајтовите:

  1. К.Ц. Медиа артес (Сашо Блажески)
  2. ЕЦМИ (Верица Грданоска)
  3. Junior Achievement Македонија (Илија Тодоровски)
  4. Форум на млади Битола (Александар Ковачевски)
  5. Контрапункт (Бојан Ивановиќ)