Речиси 30 отсто од жителите користат интернет банкарство, а 60 отсто од домаќинствата имаат интернет пристап.

Во земјите од групата ЕУ27, 60 отсто од домаќинствата имаа интернет пристап во текот на првото тромесечје од 2008 г. во споредба со 54% за време на првото тромесечје од 2007, а 48% имале широкопојасен интернет споредено со 42% во 2007 г.

Овие податоци објавени од страна на Еуростат, Заводот за статистика на европската заедница претставуваат само мал дел од резултатите од истражувањето за употребата на информатичко – комуникациските технологии во домаќинствата и од жителите на 27 земји-членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Хрватска. Покрај употребата на интернетот и широкопојасните конекции, истражувањето исто така покрива други показатели како што се електронското купување, е-власт, напредната комуникација и сервисите поврзани со содржини.

Интернет пристапот во домаќинствата се движи од 25% во Бугарија до 86% во Холандија

Во 2008, бројот на домаќинства со интернет пристап беше три четвртини или повеќе во Холандија (86%), Шведска (84%), Данска (82%), Луксембург (80%) и Германија (75%). Најниските нивоа беа регистрирани во Бугарија (25%), Романија (30%) и Грција (31%).

Бројот на домаќинствата со широкопојасен интернет во 2008 г. беше исто така најголем во Холандија и Данска (74% во двете земји) и Шведска (71%).

Една третина од жителите на земјите од ЕУ27 користат интернет услуги поврзани со патување

Во второто тромесечје од 2008, жителите на возраст од 16 до 74 год. во земјите-членки на ЕУ беа прашани какви активности вршеле на интернет во претходните три месеци. Во земјите од ЕУ27, речиси една третина од сите жители користеле интернет за патувања и сместување. Околу 30 отсто користеле електронско банкарство, комуницирале со јавните власти или барале здравствени информации. Околу една четвртина од жителите читале вести на интернет или нарачале добра или услуги. Околу 15% барале работа или испратиле апликации преку интернет.

Меѓу земјите-членки со најголем број на жители што ги вршеле овие активности на интернет се Холандија, Данска, Финска, Шведска и Луксембург.

Извор: Europe’s Information Society “Internet access and use in the EU27 in 2008” 2 декември, 2008.