Минатиот месец, програмерите на софтвер со отворен код ја завршија адаптацијата во српско кирилично и латинично писмо на третата верзија на пакетот канцелариски апликации ОпенОфис.
Проектот е поддржан од Министерството за телекомуникации и информатичко општество. Проектот за локализација беше презентиран пред две недели во Белград.
Адаптацијата на софтверот на српски јазик ја изврши српската заедница за ОпенОфис, заедно со волонтерите за слободен софтвер и Математичкиот факултет во Белград. Српските верзии на ОпенОфис се достапни бесплатно за корисниците на Виндоуз и ГНУ/Линукс.
Со локализацијата се отстрануваат пречките во разбирањето на ОпенОфис, објаснува Горан Ракиќ, еден од програмерите на Математичкиот Факултет. „Локализацијата ја олеснува употребата на софтверот“.
Програмерите исто така подготвија софтвер за проверка на спелинг кој може да го проверува и кириличното и латинското писмо, да ги расчленува зборовите на слогови и автоматски да препознава кој јазик се користи во некој документ. Ракиќ: „Добивме многу позитивни повратни информации за оваа одлика од корисниците коишто го учат српскиот јазик“.
Во моментот, групата работи на локализацијата на обрасци на документи наменети за мали и средни бизниси.
Канцеларискиот пакет ОпенОфис е една од апликациите во списокот на софтвер со отворен код којашто Министерството за телекомуникации и информатичко општество сака да биде локализирана. Министерството почна да работи со верзијата 2.4 на ОпенОфис. Според српската заедница за ОпенОфис, нивната локализирана верзија на канцелариските апликации била преземена повеќе од 30.000 пати.
Годинава, српската влада објаснуваше дека приспособувањето на слободниот софтвер треба да помогне во забрзувањето на развојот на информатичкото општество во Србија. Обезбедувањето на софтвер со отворен код придонесува во борбата против софтверското пиратство.
Извор: Open Source Observatory and Repository “OpenOffice 3 localised to Serbian” 9 декември, 2008.



