Триесеттата меѓународна конференција за заштита на податоците и приватноста ќе се одржи на 15-17 октомври, 2008 во Стразбур, a ќе се фокусира на темата „Заштита на приватноста во светот без граници“.
За прв пат, конференцијата ќе се организира заеднички од француските и германските власти кои ја прославуваат 30-тата годишнина во 2008 г. Претседателот на Француската агенција за заштита на податоците e избран за претседавач на групата „Европски агенции за заштита на податоците“ по 4 годишниот мандат на германскиот претседател на Сојузниот комесаријат за заштита на податоците и слобода на информирањето.
Конференцијата се организира во период кога Франција претседава со Европската унија, од месец јули. Со тоа, конференцијата е дел од официјалната програма на Претседателството на Европската унија и се одржува под покровителство на Претседателот на Француската република.
Целта е да се идентификуваат главните предизвици што произлегуваат од фактот дека приватноста во меѓународен контекст е предмет на моќни технолошки, политички, правни и економски моменти.
Претставници на јавниот сектор, надзорните органи, компаниите, здруженијата на потрошувачи и оние што ги бранат слободите ќе имаат шанса да дебатираат за она што ги загрижува како и за нивните концепти за заштитата на приватноста. Дискусиите ќе се одвиваат во духот на заедничкиот интерес и со желба да се пронајдат заеднички решенија на меѓународно ниво.