Фондација Метаморфозис во рамките на проектот Дигитални клубови објавува:

Конкурс за отворање на дигитални клубови (е-точки)

Во согласност со залагањата на Фондацијата Метаморфозис за премостување на „дигиталниот јаз“ и обезбедување на побрз социјален развој преку примена на информациските и комуникациските технологии (ИКТ), на крајот на 2004 година со поддршка на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија (ФИООМ) започна да се реализира проектот Дигитални клубови. Оваа година, во рамките на проектот, Фондација Метаморфозис ќе поддржи формирање на нови Дигитални клубови – е-точки.