На територијата на Хрватска има 600 илјади компјутери, 1 800 000 телефонски линии и 1 400 000 мобилни телефони…
Според податоците дадени од хрватскиот заменик-министер за наука и технологија, Роберт Мангер, на територијата на Хрватска има 600 илјади компјутери, 1 800 000 телефонски линии и 1 400 000 мобилни телефони. Овие податоци ја ставаат Хрватска на исто рамниште со другите средноевропски земји.
Тој додаде дека во наредните пет години Хрватска ќе им се придружи на развиените земји во истражувањето и развојот на информатичката технологија.